По температурното освежување не очекуваат пеколни горештини. Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 31 степен Целзиусов, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.

Сончево и уште потопло ќе биде во сабота. Попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст и во наредните денови. Во недела ќе достигнат до 39, а во понеделник до 40 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

OhridNews