Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, потврдил дека од летото 2014 година, голгетерот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски ќе биде играч на Баварците, пренесува „Sport Bild“.


„Верувам дека во Дортмунд знаат дека Роберт од следното лето ќе биде слободен играч и дека ќе дојде кај нас. Секоја чест за претседателот Вацке кој одлучи да го задржи Левандовски во овој преоден рок и покрај прималивите понуди кои ги добиваше“, рекол Румениге.

Претседателот на Баерн признал дека сакале да го донесат полскиот репрезентативец во овој преоден рок, но дека ниту еднаш не контактирале со претставниците на Борусија, ниту, пак, испратиле официјална понуда.

Баерн во овој преоден рок за сума од 37 милиони евра од Борусија го донесе 21-годишниот Марио Геце.

„Макфакс“