СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на референт за механизација при Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ – подрачно шумско стопанство „Галичица“ Охрид, на 25.10.2019 не поставил редовна чуварска служба во склад во сопственост на претпријатието, поради што од страна на лице од Охрид, бесправно било одземено товарно моторно возило, кое го искористило за свои потреби.
OhridNews












