– Освен урбанистичката деградација постојат и одредени загрозувања на живиот свет во Охридското езеро. Неодамнешното избирање на Македонија за член на Извршниот одбор на УНЕСКО треба да се искористи како можност за санирање на посочените проблеми со цел во иднина воопшто да не се спомнува евентуалното бришење на Охрид од листата на градови под заштита на УНЕСКО, вели Паноски.
Република Македонија за првпат во својата историја, неодамна беше избрана за членка на Извршниот одбор на УНЕСКО. На 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО што се одржа на почетокот на овој месец во Париз, Македонија ја доби поддршката од 142 делегати со што и се даде можност во наредните 4 години да биде член на најзначајниот орган на оваа важна Организација во системот на Обединетите нации.