
Од општинкиот инспекторат информираат дека се извршени најмалку 20 контроли на спорниот казан, при што не биле воочени неправилности во работата и загадување на животната средина.
– Инспекторот за екологија изврши контрола и надзор над работата на казанот и утврди дека се користи оргевно дрво како енергија, односно работи согласно прописите. Што се однесува до отпадните води од казанот, извршена е анализа од страна на надлежна институција која што утврди дека тие не предизвикуваат никакво загадување, велат од Општинскиот инспекторат.
Семејството кое континуирани поднесува пријави за работата на црковниот казан тврди дека резултатите од анализите на отпадните води не одговараат на фактичката состојба, и дека истите се направени во институција во која работи лице кое пече големи количини ракија во казанот, што претставува судир на интереси.
Ваквите наводи од општинскиот инспекторат исто така ги отфрлаат со образложение дека за случајот се произнеле повеќе одговорни институции и е водена долга и сеопфатна постапка, посочувајќи дека стариот казан за печење ракија во Пештани му смета само на едно семејство во селото.











