Прекумерната консумација на алкохол за време на предновогодишната забава предизвика инцидент пред позната кафетерија во центарот на Струга.

Како што сооптши МВР, 30-годишен жител на струшкото село Ложани во видно алкохолизирана состојба викал по припадници на полицијата и ги омаловажувал со погрдни зборови. Лошо расположениот граѓанин бил приведен во Полициската станица во Струга.

OhridNews