Резултатите од деталните прегледи за повредата на коленото на Дени Велбек се катастрофални и разочарувачки. Напаѓачот ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе паузира девет месеци.


Велбек не само што ќе го пропушти Европското првенство во Франција летово туку и цела полусезона од новата која ќе започне во август.

Напаѓачот се повреди на мечот со Манчестер Сити на Етихад во Премиер лигата и првите анализи не наговестуваа ваква разврска.

Велбек откако се пресели во Арсенал од Манчестер Јунајтед не може да сврзе неколку настапи по ред за „топчиите“ поради честите повреди.

OhridNews