Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген не бираше средства да го запре Јан Хелениус од екипата на Астон Вила при обидот да постигне погодок. Откако Хелениус му побегна на својот чувар, Белгиецот немаше премногу избор и се одлучи за несекојдневен потег, му ги соблече шорцевите до пола. Вертонген успеа во тоа, Хелениус биеше високо над голот, а Тотенхем со 4-0 ја совлада Астон Вила во англинскиот Капитал куп.
Мх.П.