Со настап на учениците од ОУ „Григор Прличев“, и прекрасната музичка изведба на проф. Емилија Маринова од ОМУ „Методиј Патчев“, синоќа, беше отворена свечената седнива на Советот на Општина Охрид, со која и официјално започнаа чествувањата по повод 68 годишнината од ослободувањето на градот. На  пригодната свеченост, присуствуваа голем број гости, граѓани, преживеани учесници во Народно ослободителната борба, претставници на јавни претпријатија и институции, како и претставници на локалната самоуправа.


учениците од ОУ „Григор Прличев“ ја отворија седницата

Свое обраѓање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој упати честитки до сите граѓани, како и до борците од НОВ. „Празникот нека биде во чест на оние, кои пред точно 68 години, се бореа за ослободување на градот од фашистичкиот окупатор. Борците се оние, кои ни ја подарија слободата која денес ја уживаме“ – истакна Петрески.


Петрески нагласи дека, новите генерации кои доаѓаат ќе се обврзани да ја чуваат слободата, во време кога државата се соочува со негирање од соседите. „Никој не смее да дозволи, да се уништи оваа слобода, која е изборена со многу крв. Демократијата како уредување, не треба да се менува со некое друго владение“, додаде градоначаникот Петрески.


Инаку, по повод празникот, денеска, предвидени се бројни свечености, кои ќе започнат со полагање свежо цвеќе на спомен обележјата на борците од НОВ.

OhridNews