На Александар Петрески му се поважни парите кои се заработуваат со самоволието на концесионерот на јавните паркинзи, од вистинските потреби на граѓаните.Тој нема слух за охриѓани, ама има разбирање за концесионерот на паркинзите кои прави милиони на грбот на граѓаните.-изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски, на прес конференцијата одржана денеска во Скопје.

-Александар Петрески прво јавно се жалеше за неуспесите и промашувањата од своето работење. Потоа се нафати да го реши проблемот и да ги врати паркинзите во власништво на Општината. Тој ветуваше дека ќе го разгледа договорот со концесионорот, кој самоволно си наплаќа за паркирање во Охрид.  За да пред некој ден дознаеме дека истиот концесионер на паркинзите ќе остане, ама Петрески ќе го разубеди да работи исправно и согласно договорот.Тоа што Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување на Општината говори дека во прашање е профит и некаква екстра заработка.-рече Бичиклиски.

Тој истакна дека паркинзите во Општина Охрид се во надлежност на општина Охрид, а градоначалникот овозможува профитот да го собира друг.

-Овде се работи за милионски профит овозможен од градоначалникот кој не треба да да калкулира, туку веднаш да го раскине договорот со концесионерот на паркинзите и да вопсостави ред во Охрид, рече Бичиклиски.

На критиките возврати Возврати Локалната самоуправа

– Општинската каса во Охрид не се полни од приходите од наплаќањето од паркинзите, туку Градоначалникот и Локалната самоуправа направија се да се среди хаосот во одвивањето на сообраќајот во централното градско подрачје. Тие што критикуваат, треба да знаат дека не се работи за паркинзи во Крива Паланка или Кратово, туку за Охрид, најголемиот туристички и културен центар во Република Македонија за кого се поинтензивно странските туристи велат дека е центар на Балканот, велат од Кабинетот на градоначалникот.

Оттаму уште еднаш упатија критики до централната власт дека го блокираат Охрид дека систематски го уништува Охрид и ги кочи проектите.

-Им даваме можност тие да го решат проблемот со паркирањето, а профитот од него да и го доделат на управување на Локалната самоуправа. Тогаш ќе се види кој и во кои градови во Македонија, особено во Скопје, со кого бил партнер и како се трошеле средствата од паркинзите, стпи во соопштението од Кабинетот на градоначалникот.

Оттаму им порачаа на советниците на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид да побараат да се укине наплаќањето на паркинзите во Охрид и јавно да ветат дека ќе одговараат за хаосот што ќе се направи во централното градско подрачје.

OhridNews