Ден по фудбалското „Ел Класико“ во Шпанија не стивнуваат рекциите од двете екипи и препукувањето во медиумите. Кристијано Роналдо најдобриот фудбалер во редовите од Реал Мадрид вината за поразот ја најде во судијата.

Од екипата на Барселона се олгаси фудбалерот за врска Серхио Бускетс, кој одигра одлично на средината од теренот во првото „Ел Класико“ сезонава.
– Секогаш кога ќе изгубат наоѓаат смешни изговори и ги криват судиите. Тие оваа сезона не треба ни да помислат за негативен коментар околу судиите кои им помогнаа во неколку натпревари – потенцираше Бускетс.
По победата на „Ел Класико“ каталонците стигнаа до 28-от бод сезонава и „кралевите“ имаат шест помалку и се наоѓаат на третата позиција.
Мх.П.










