Вечерва започнува летното сметање на времето. Во 2 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 25 октомври.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

OhridNews