Охридскиот естраден уметник Петар Нечовски и ансамблот „Билјана“- Јуниор, кои имаа заеднички настап на викендов оддржаниот Фолк фест Валандово, се вратија во Охрид со прекрасни впечатоци и големи емоции по својот настап кој на нозе ја крена публиката во Валандово.


Презадоволни сме од настапот и од тоа како реагираше публиката. Нашиот настап одлично беше прифатен, се создаде прекрасна атмосфера и беше проследен буквално на нозе, велат Нечовски и членовите на ансамблот „Билјана“.


Доказ за успешниот настап е и наградата која им беше доделена за сценски настап, а Петар Нечовски кој годинава на фестивалот настапи по 25- ти пат ја доби Златната калинка за животно дело, а воедно беше промовирано и неговото ЦД со песни изведени од него.


Како што информираат Нечовски и младите музичари од ансамблот „Билјана“, идниот нивни заеднички настап ќе биде на фестивалот Охрид Фест, каде ќе изведат уште една новокомпонирана македонска песна.

OhridNews