Црвен крст Охрид, традиционo, Неделата на грижа на стари лица (21 – 27 ноември) ќе ја одбележи  со низа активности кои ќе ги реализира во соработка со ЕВН.

Целта за одбележување на Неделата на грижа на стари лица, чие мото годинава е „СЕКОЕ СТАРО ЛИЦЕ ИМА ПРАВО“, е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и за потребата од грижа и помош на старите лица.

Подготвен е промотивен материјал – флаери со соодветна содржина на македонски, албански и ромски јазик, кои во соработка со центрите за социјална работа ќе се дистрибуираат на јавни локации низ градот.

Во рамки на одбележување на Неделата на грижа на стари лица ќе биде организирана и акција за бесплатно мерење на шќер во крвта во пензионерскиот дом во Охрид; посета на старите лица згрижени во Одделот за геронтологија при Општата болница Охрид како и посета на стари, осамени и изнемоштени лица во нивните домови во руралните средини на општината Охрид и Дебрца на кои ќе им бидат доделени социјални пакети и користен текстил.

OhridNews