Црвен крст Охрид традиционално во месец декември спроведува активности по повод Неделата на забоздравствена заштита. Токму поради фактот дека кариесот е една од најраспространетите заболувања кој се регистрира кај 90% од децата, Црвен крст Охрид своите активности ги насочува кон здравствена едукација за оралното здравје кај најмалите.

-Превенцијата, раното откривање и препораките за санирање на забниот кариес е цел на Неделата за забоздравствена заштита. Поради тоа, нашиот тим кој работи на оваа проблематика заедно со детскиот стоматолог во текот на оваа и изминатата недела  ги посетува петте објекти на Детската градинка Јасна Ристеска. Детскиот стоматолог одржува кратко предавање за оралното здравје со визуелна презентација, а Црвениот крст Охрид обезбеди четкички за заби за децата од 3 до 5-годишна возраст.-информираат од Црвениот крст од Охрид.

OhridNews