Со повеќе активности Општина Охрид  ќе го одбележи на 5ти јуни- Светскиот  ден  на животната средина. По тој повод  првата недела од месец јуни општината ја прогласи за „Недела на животната средина“, во која ќе бидат опфатени повеќе активности.

Изработен е промотивен спот кој ќе биде емитуван на локалните
електронски медиуми. Исто така отпечатени се еко – постери кои ќе бидат
дистрибуирани до сите претшколски установи, основни и средни училишта и
високо образовни и други институции.

Во рамки на Неделата на животна средина што ја иницира Секторот за урбанизам и  заштита на животната средина, ќе се реализира проектот „Разубавување на централното градско
подрачје Цветни балкони – Цветен Охрид“ .

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско
цвеќе на жителите на централното градско подрачје кои живеат во стариот
дел на градот како и на улиците: Кеј Маршал Тито,  Македонски Просветители, Гоце Делчев ( од првиот чинар
до вториот чинар), Даме Груев ( од ул.Македонски Просветители до
пресекот  со бул.Туристичка) и бул.Туристичка (од Охридска Банка до
Маркет Макси Д ). Делењето на цвеќињата ќе се изврши на 01и 02 .06. 2010г
од 10 до 13 часот на локација пред Центарот за култура „Григор Прличев“ – 
Охрид . Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со
лични документи за идентификација.

Со цел анимирање на пошироката јавност за проблемите во врска со
животната средина ќе бидат организирани две трибини за состојбата со
крајбрежјето на Охридското Езеро, на 02.06.2010г. во 13часот и на
04.06.2010г. во 10часот во просториите на Општина Охрид на   кои ќе
бидат присутни експерти и релевантни чинители кои ќе дадат свој осврт и
насоки за решавање на горливите проблеми.

– Целта  на организирањето на Неделата на животната средина е што да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се  влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштитата на животната средина, информираат од локалната самопуправа.

OhridNews