Од денес па до 10- ти март, во очното одделение при Општа болница Охрид, ќе се вршат бесплатни прегледи-мерење на очен притисок и ќе се даваат совети и консултации од страна на стручните лица.
Глаукомот е втора водечка причина за слепило во светот, после дијабетот. Во моментот во светот преку 66 милиони луѓе боледуваат од глауком, а се предвидува дека до 2020 год. бројката на заболени ќе достигне 80 милиони.
Бројот на слепи од глауком, во светски рамки е 4,5 милиони, а до 2020 година се предвидува тој број да биде 11, 2 милиони . Појавата на глаукомот е најчесто со неспецифични симптоми или потполно асимптоматска, поради што превенцијата, особено раното откривање, е основата во борбата против глаукомот.