Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна темпаратура во Охридскиот регион ќе достигне до 34 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе биде исклучително висок и ќе изнесува 9, информираат од 
УХМР Македонија.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во текот на неделата. Максималните температури насекаде во земјава ќе достигнат над 30 степени, а на места и до 40 степени Целзиусови. УВ индексот на зрачење исто така ќе биде висок 9.

Високите температури негативно може да се одразат на здравјето на луѓето, оттаму надлежните институции предупредуваат на крајна внимателност. Без потреба да не се излегува на сонце во најтоплиот период од денот од 10-17 часот, а доколку тоа е неопходно да се носи лесна облека, очила и капа. Да се конзумира лесна храна и да се внесуваат многу течности, особено вода. Хроничните болни редовно да ја примаат својата терапија и да се консултираат со својот лекар.

OhridNews