По врнежливиот викенд и необично ниските температури за овој период од годината, деновиве следи стабилизација на времето. Според најавите на метеоролозите денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 27 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење -7.

Од утре температурите ќе бидат во пораст и на места ќе достигнат до +34 степени. Во среда ќе биде уште потопло, а во четврток на целата територија на земјата температурите ќе бидат над 30 степени Целзиусови.

OhridNews