Во период од 05 до 11 септември Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали за проверка на Ковид 19 од вкупно 90 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа кои се анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 67 лица и тоа кај 32 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.

Во овој период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и 1 лице од Дебар. Починати се 8 лица и тоа 4 од општина Охрид, 3 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 11 септември, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1268 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 386 лица во општина Охрид и Дебрца, 615 лице во општина Струга и Вевчани и 267 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга 508, а од Дебар и Центар Жупа 220 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 15 починати пациенти, од општина Струга се починати 52, а од Дебар и Центар Жупа 13 лица.

OhridNews