Водостојот на Охридското Езеро во последниве седум дена бележи намалување за три сантиметри со што нивото на езерото е за 11 сантиметри пониско од просекот за март. Последното намалување за еден сантиметар, според неделниот извештај на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), е забележано на почетокот на викендов.

Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава и во последните седум дена најчесто се движи во исти рамки со мали осцилации нагоре или надолу.
OhridNews











