Недоследности во работењето, како и затекнати малолетни лица при контролите во угостителски објекти во Охрид резултираа со изречени соодветни казни информираат од МВР.

На 01.05.2022 од 00.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид, велат од МВР.

Притоа, во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни, додаваат од МВР.

OhridNews