Недоволната обученост причина за инцидентите кои ги предизвикуваат возачите на скутери
11.07.12 00:05
Инцидентите што ги предизвикаа несовесни скутерџии на струшките плажи деновиве, ги вознемирија граѓаните и гостите кои бараат поголема заштита на капалиштата. Скутерџиите неретко ги загрозуваат и другите учесници во водниот сообраќај кои сметаат дека недоволната едукација на лицата кои седнуваат зад управувачот на скутерите кои се исклучително моќни машини, е причина за честите инциденти.
-За скутерите се знаe колку и како да возат и дека треба најмалку 200 метри да бидат одалечени од брегот, ако не се доволно едуцирани треба да појдат во Капетанијата и да се обучат, во тој случај нема да има инциденти, вели искусен возач на кајче од Охрид.
Иако летната сезона е во полн ек, Капетанијата на пристаништата во Охрид која е надлежна за безбедност и контрола на водниот сообраќај се уште е без капетан по разрешувањето на раководителот Љупчо Настоски, што според градските власти е причина за хаосот кој владее на Охридското Езеро.
-Зарем треба да ни се случи нов „Илинден“ за да се свестиме? Ја прашувам Владата кога ќе назначи одговорно лице во Капетанијата во Охрид?-рече градоначалникот на Охрид во изјавата што вчера ја даде пред Капетанијата.
Реагираа од Министерството за транспорт од каде информираат дека Капетанијата на пристаништа во Охрид функционира со полни капацитет и континуирано во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи.
– Сакаме да потенцираме дека во езерскиот сообраќај беше наследена состојба која претставуваше хаварија како за бродарите така и за туристите, патниците и граѓаните на општината и токму заради регулирање на ова наследена ситуација која траела со години, направени беа неколкукратни промени во Законот за внатрешна пловидба во кој беа вградени и ЕУ директиви со кои беше регулирани безбедното пловење во езерскиот сообракај. Апелираме градоначалникот да престане да ги користи инцидентите кои се случуваат на територијата на неговата општина за добивање на ситни политички поени и наместо да претставува пасивен „критизер“ да се зафати со активно решавање на големиот број отворени прашања во оштина Охрид, кои не само што ги засегаат граѓаните на општината, туку и туристите кои го посетуваат овој наш град, велат од Министерството за транспорт и врски.
Оттаму информираат дека во тек е процесот за избор на капетан на Капетанија на пристаништа и веќе е завршено интервјуирањето на голем број кандидати.
Клубот Ребел синоќа го прослави третиот роденден Славеничкиот момент го разубави извонредната Дани Димитровска, а нејзиниот настап беше убава увертира во музичките случувања ова лето во клубот позн...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Во Охрид сончево со мала облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната те...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.