Во четвртото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 427 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња. Природниот прираст, на ниво на држава, е – 616 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во Охрид во овој период се родени 90 бебиња, додека во Струга 122. Во истиот период во Охрид починале 153 лица со што се бележи природен прираст од -63. Во Струга починале 112 лица со што природниот прираст е позитивен 10. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка е 41, додека во Струга 56. Во истиот период во Струга немало ниту еден, а во Охрид евидентиран е еден развод, велат податоците од ДЗС.
Споредбено со третото тромесечје во Охрид биле родени 126 бебиња, додека во Струга 79. Во истиот период во Охрид починале 163 лица со што беше забележан природен прираст од -37. Во Струга починале 89 лица со што природниот прираст беше -10. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка била 129, додека во Струга 141, додека во истиот период во Струга немало ниту еден, а во Охрид евидентирани биле 10 разводи.
Н.С.Ј.
извор. ДСЗ












