Нехуманиот и суров однос на поединци кон уличните животни продолжува. Деновиве, од страна на граѓани, во населбата Лескајца, во близина на училиштето „Братство и единство“, е најдено неколкумесечно старо маче со исечени уши на кое му е дадена прва помош и храна. Сторителот повторно непознат.

Добронамерните граѓани, меѓу кои е и охриѓанецот Климент Арнаудов, кои несебично им помагаат и се грижат за животните, со апел до граѓаните, доколку мачето се најде да се згрижи и однесе на ветеринар или да се јават на телефонските броеви 075 536 371 и 078 276 579.

Ова не е единствен случај на нехуман и суров однос на поединци кон уличните животни. И покрај бројните апели на граѓаните, и по изминати децении институциите никако да го решат проблемот околу нивното згрижување и соодветно казнување на сторителите на ваквите дела.

OhridNews