Манчестер Јунајтед ќе загуби 30 милиони фунти бидејќи следната сезона нема да биде учесник во Лигата на шампиони. ’Црвените ѓаволи’, елитното натпреварување го освојуваа во 1999 и 2008 година, сезоната во Премиер лигата ја завршија на седмото место што е најлош пласман на клубот уште од 1990 година.
„Фокусирани сме на доведувањето на новиот менаџер. Клубот има добра позиција за понатамошни инвестиции во тимот“, рекол потпретседателот на Јунајтед Ед Вудворд, кој открил колку пари ќе загуби клубот од неучеството во ЛШ.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед в недела, ќе го промовира Луј Ван Гал во нов менаџер. Промоцијата на Холанѓанецот е одложена поради неговите обврски со холандската репрезентација, која во сабота ќе одигра пријателски натпревар со Еквадор.
„Ќе бидеме многу активни во преодниот рок. Некои работи се завршени, но сè уште ништо немаме објавено. Сите во клубот напорно работат Манчестер Јунајтед следната сезона повторно да се бори за трофеите“, рекол Вудворт.
„Макфакс“