Страстите по второто “Ел Класико“ во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони полека спласнуваат.  Барселона го слави триумфот и елиминацијата на најголемиот ривал додека Реал Мадрид бара “алиби“ за поразот.


Дуелот го загуби, можеби и клупата, Гвардиола и Мурињо.

Спортскиот директор на “кралевите“ Хорхе Валдано, виновникот за неуспехот на “галактикос 2“ го гледа во тренерот Жозе Мурињо. Во првата сезона на клупата на Реал Мадрид, “специјалниот“ го освои Копа дел Реј со победата над Барселона. Но двата “поголеми“ двобои со Барселона во Лигата на Шампиони и Примера, Реал Мадрид ги загуби.


Како можен наследник на Мурињо, се шпекулира со името на Марко Бјелса кој е добар пријател на Валдано. Поранешниот селектор на Аргентина и Чиле е без ангажман, а се поврзува и со превземање на кормилото на Севиља.

ОhridNews