Неизвесно е кој ќе ќе го догради автопатот Охрид – Кичево и кога. Сегашниот изведувач, кинеската компанија „Синохидро“ непосредно пред потпишувањето на најавениот анекс договор побарала уште 143 милиони евра и поставила нови услови, крајно неповолни за македонските подизведувачи, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. 

Тој појасни дека владата е ставена во незавидна позиција, или да го продолжи договорот со нови услови, или да го раскине.

Автопатот Охрид – Кичево го следат контроверзи од самиот почеток. Делницата започна да се гради во 2014 година и требаше да биде готова во февруари оваа година. Поради сериозни пропусти, погрешни пресметки и специфичниот терен, работите на автопатот беа пролонгирани за уште три години, за што требаше да биде потпишан анекс на договорот помеѓу владата и кинеската компанија „Синохидро“ која работи на овој капитален инфраструктурен проект кој се гради со кредит од Кина.

До сега за изградба на автопатот се потрошени 411 милиони евра, што е над 10 проценти повеќе од проектираната вредност. Колку ќе чини изградбата на 56 километри долгата делница од Охрид до Кичево ќе се знае по завршување на градежните работи, но стаанува очигледно дека проектот значително ќе ги надмине проектираните суми за изведба. За случајот истрага води Специјалното јавно обвинителство.

OhridNews