Неизвесно е воведувањето на ХАЦЦП за млечните производи на зелените пазари до законскиот рок, затоа што пазарџиите не се доволно запознаени со обврските и начинот на кој треба да ги продаваат производите од Нова година.
Ова било истакнато на средбата на претставници на Стопанската комора , Групацијата за пазари и Здружението на пазарџии со претставниците од Дирекцијата за храна, што се одржа денеска.
На средбата било заклучено дека со пазарџиите треба да се работи и натаму, но до Нова година зелените пазари тешко ќе можат да го запазат рокот за организарање на пазарите според ХАЦЦП стандардите.












