Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел  Меси и подготвен е да и плати на Барселона 250 милиони евра отштета, тврди парискиот дневен весник Le Pаrisien.

Весникот се повикува на извор од Пари Сен Жермен кој тврди дека парите не се проблем, а наводно ниту на „Камп Ноу“ не се сосема ладнокрвни на понудата од Париз.

Се наведуваат и низа причини поради коишто Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона. Така се наведуваат неговите проблеми со данокот, но и фактот дека бразилската ѕвезда Нејмар игра сé подобро што ја загрозува позицијата на Меси.

Во текстот на Le Parisien се наведува и дека првата ѕвезда на ПСЖ, шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ кој своевремено настапуваше за „каталонската гордост“ нема ништо против доаѓањето на малиот Аргентинец на „Паркот на принцовите“ иако не се согласуваа добри додека играа во Барселона.

 

„Макфакс“