Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар ја смири тензијата и напнатоста во Пари Сент Жермен која самиот ја крена на дуелот со Лион во француската Прва лига.
Имено, Бразилецот влезе во клинч со својот соиграч Едисон Кавани за изведувањето на ударот од белата точка. Уругваецот го промаши пеналот, но вината сите ја најдоа во Нејмар, кој непотребно направил притисок на плеќите од напаѓачот.
Нејмар на првиот тренинг после натпреварот му се извинил на Кавани и на соиграчите и ги расчистил недоразбирањата со Кавани.
Светските медиуми после несогласувањата помеѓу Нејмар и Кавани пишуваа дека бразилскиот интернационалец на состанок со директор на клубот побарал да го продадат напаѓачот.
Удар од белата точка ги „скара“ Кавани и Нејмар (видео)
OhridNews