Бразилски вундеркинд Нејмар за 40 милиони евра се пресели во Реал Мадрид од Сантош. “Кралевите“ водеа мртва трка со Челси за потписот на 19-годишниот фудбалер, но Нејмар во последен момент се одлучи за четата на Мурињо.


Нејмар кој има пет настапи за “кариоките“ дејствува по десната страна а може да биде и “полу шпиц“ но во голема мера се очекува да му помогне на Кристијано Роналдо во нападот. Со доведувањето на бразилецот, Реал Мадрид го направи првиот трансфер во летниот преоден рок.

Мх.П.