Фудбалските клубови Барселона и Сантос постигнале договор за трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“ во 2014 година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на шпанските медиуми. Радио станицата „Кадена Сер“, наведува дека Барселона веќе уплатила на сметката на Сантос аванс од 14,5 милиони евра, додека целиот трансфер ќе изнесува 58 милиони евра.

Радиото додава дека Нејмар ќе се пресели во Барселона веднаш по завршувањето на Светското првенство во 2014 година. Одлуката за трансфер во Барселона ја донеле Нејмар и неговиот татко, што било спротивно на советите и желбите на менаџерот Вагнер Рибеиро.

Нејмар во првите десет натпревари оваа година постигна девет голови за Сантос

Англискиот весник „The Sun“, во денешното издание најавува сензационална размена на фудбалери, според која, Един Џеко би заминал во Реал Мадрид, а Гонзало Игуаин би се преселил во Манчестер Сити.

Медиумите на Островот, веќе неколку недели пишуваат дека Џеко е незадоволен од својот статус во екипата и дека е можно да побара да си замине. Според „Тhe Sun“ менаџерите на репрезентативецот на Босна и Херцеговина веќе „објавиле“ дека нивниот клиент е достапен. Џеко веќе му бил понуден на Баерн Минхен, но според шпекулациите баварците не биле заинтересирани за трансферот.

Доколку се остварат најавите за размената на фудбалери, задоволни би биле двете страни. Жозе Мурињо е деклариран фан на играта на Џеко, додека Роберто Манчини. во нападот би имал аргентинска двојка: Серхио Агуерто и Гонзало Игуаин.

Един Џеко, во Манчестер Сити се пресели во јануари минатата година, „граѓаните“ на Волфсбург за неговите услуги му платија 27 милиони фунти. Сезонава напаѓачот има постигнато 13 погодоци во Премиер лигата, иако 14 натпревари започнал на клупата за резерви.


“Макфакс“
Ohridnews