Почнувајќи од денес па до 19- ти февруари со почеток во 20 часот на кино репертоарот на Центарот за култура “Григор Прличев”,  ќе се прикажува филмот “Нека остане меѓу нас”, во режија на Рајко Грлич. Според сценарио на Анте Томич и Рајко Грлич, а продуцент е: Игор А. Нола.



Во главните улоги настапуваат Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ и Наташа Дорчич.

Влезот чини 100 денари, времетраење на филмот е 87 минути (салата е затоплена).

OhridNews