Втората плажа во Градиште некогаш важеше за главно собиралиште на младите и синоним за добра забава. Денес ова место изгледа жално. Просторот каде летово работеа импровизирани шанкови по завршувањето на сезоната не е расчистен. Наоколу има големи количини најразличен отпад, а оштетениот инвентар е расфрлан насекаде. Оваа грда слика говори за односот кон една од најубавите плажи на ривиерата, чиј сјај одмна е изгубен.

Вака денес изгледа втората плажа во Градиште
OhridNews