Американската антидопинг агенцијата (УСАДА)  пресуди дека еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, Ленс Армстронг користел недозволени средства по 1 август 1998 година.

Поради тоа Армстронг ќе остане без своите седум титули од најпрестижното натпреварување Тур д’Франс, кои ги освои од 1999 до 2005 година. Покрај тоа ќе му биде одземена и олимписката бронза од 2000 година.

Надлежноста за донесување на одлука за одземање на трофеите ја има Меѓународната велосипедска унија.

Армстронг негираше дека користел допинг и оцени дека УСАДА лови вештерки без ниту еден конкретен доказ против него.