Аргентинците Макси Лопез и Мауро Икарди некогаш беа соиграчи и неразделни пријатели, а само една година подоцна не се поздравија на дуелот Сампдорија – Интер и се „крвни“ непријатели.
Италијанските медиуми мечот помеѓу двете екипи го нарекоа дерби за Ванда Нара поради тоа што некогашната сопруга на Лопез сега му е поубава половина на Икарди.
Љубовната романса меѓу Икарди и Ванда Нара започнала уште во времето кога Макси Лопез бил во брак со сега веќе девојката на Икардо. Со Макси Лопез фаталната девојка има три деца, а Икарди најавуваат свадба со Ванда Нара што би предизвикало уште пожестоки реакции во Италија и Аргентина.
Да биде сапуницата како „шпанска серија“ се погрижија двајцата фудбалери. Макси Лопез промаши удар од белата точка, а Икарди беше стрелец на два погодоци во победата на Интер 4-0.
Мх.П.