Градежното претпријатие „Гранит“, одлучи со бетонски плочи да го огради некогашниот Полигон за мали спортови, простор кој веќе неколку години е во сопственост на ова претпријатие. Бетонските плочи, кои деновиве се поставуваат, ќе ја заменат постоечката ограда .


Овој простор, во  2002 година ГП „Гранит“ го доби по судски пат, со извршно решение, кога на општината и беше одземено поради неплатени долгови кон ова претпријатие.


Полигонот последните неколку години се користеше како паркинг простор, а беше спомнуван и како една од можните локации за изградба на катна гаража. Во 2008 година од страна на градоначалникот Петрески беше најавувано дека во договор со менаџерите на ГП „Гранит“, Локалната самоуправа на овој простор ќе гради Конгресен центар.

OhridNews