Масовно труење на животни, кражба на миленици и ѕверски постапки кон „најдобриот човеков пријател“. Ова се само дел од проблемите со кои охриѓани и активстите на „Анималиа“ се соочија во изминатите деноноќија.

Загрижува фактот дека и покрај бројните апели на локалното Здружние за заштита на животните, и понатака несовесни пеодинци проблемот со уличните кучиња се обидуваат да го решат расфрлувајќи отров по охридските населби.

Активистите на Анималиа беа сведоци на смртта на напуштен самојед. Штотуку отидовме на терен откако ни јавија, глетката беше ужасна. Умираше кученцето во агонија, пена му течеше од уста и се тресеше. На фреквевнто место, кај новиот плоштад. Се обративме до ветеринарите, ама касно беше да се направи нешто.“ – велат активистите на „Анималиа“.

туристи сведоци на немилиот настан покрај езерото

Туристи сведоци на немилиот настан

Како што велат од „Анималиа“, сведоци на немилиот настан биле и туристи кои случајно поминувале покрај езерото.

Кучето беше паднато во езерото. Поминаа туристи и беа згрозени. Зарем вака ли туризам ќе развиваме? Што со рибите? Уште малку и ќе треба да се капиме во езерото. Што ако некое дете утре фрла камчиња во езерото, а на нив остатоци од отровот. Што ако е Ланат, отров кој доволно е да се вдише и да предизвика смрт. Доколку некој од надлежните во градов не преземе нешто посериозно за да се спречи ова, Анималиа ќе започне да објавува вакви стории во странските весници од каде најчесто доаѓаат нашите туристи, кои и тоа како не би посетиле туристичка дестинација која не може да го реши овој проблем и во која се случуваат вакви ѕверства!“ – реагираат од „Анималиа“ најостро осудувајќи го овој неетички чин.

Осум кученца во Пештани останаа без својата мајка

Изминатиов ден, жител од селото Пештани пријавил исчезнување на својот домашен миленик, кој неоддамна на свет донел осум мали кученца. Според сознанијата на „Анималиа“, во овој реон изчезнатисе  уште неколку кучиња, а најверојатно се работи за масовно труење на животните.

Овие кученца од вчера останаа без мајка. Сопственикот се сомнева дека е затруена или од несовесен мештанец или од некое лице задолжено за комунален ред. Сега ќе се помолиме за тоа овие малечки да успеат да преживеат. Место да ја чувствуваат мајчината прегратка и љубов, ќе мора да импровизираме, а ништо не може да го замени мајчинскиот здив и нега. Ќе дадеме се’ од себе за да ставиме крај на ова злодело и ѕверство од страна на човекот. Но за тоа ќе ни биде потребна и ваша помош и соработка. Во реонот, с. Пештани, каде што исчезна оваа мајкичка, нема уште 7-8 кучиња.“ – реагираат од Здружението за заштита на животните „Анималиа“ од Охрид.

Со труењето на животните се крши Законот

Со труењето на животните се кршат членови од Законот за заштита и благосостојба на животните. Активистите на „Анималиа“ информираат дека во овие случаи се крши и самиот Устав, преку правото на секој поединец да има здрава и чиста животна средина.

Се кршат и членови од Законот за животна средина. Се кршат и човечките, но пред се’ и детските срца кои би биле сведоци на тој немил настан на агонија на отруеното животно. Можеби нема закон за траумите што би ги доживеале случајните минувачи, но мозокот снима и потиснува немили слики кои некоја особа цел живот ќе ги носи.“ –  информираат од локалното Здружение за заштита на животните.

Се крадат миленици од дворовите

Во текот на вчерашниот ден, до охридските активисти за заштита на животните пријавена е кражба на миленик од двор на наш сограѓанин.

Кучето го снема од дворот на наш граѓанин. Стравуваме да не’ е отруено некаде или украдено за да се спрема за борби. Имено, се работи за мило и неагресивно кутре. Се одзвива на името Астор, а за оној кој ќе го пронајде, следува скромна награда.“ – велат од „Анималиа“.

О.Т.