Наскоро Алијансата за Албанците – коалиција составена од три партии ќе се трансформира во една политичка партија. Се очекува Движењето за реформи -ДПА, Унитети и НДП на Весел Мемеди да ги формализираат партиските одлуки за спојување и создавање еден политички субјект чиј лидер ќе биде Зијадин Села, јави телевизијата „Алсат М“. 

Основата на програмата ќе биде Македонија како бинационална држава. Како што дознава Алсат М, процедурите ќе се забрзаат овие денови, а целта е да се има ефикасно делување, по изборите на 11 декември на кои Алијансата освои 3 пратенички места.

OhridNews