Советот на општина Охрид , во четврток на 26- ти мај со почеток во 10 часот ќе ја одржи 34- тата седница.

На дневен ред ќе се најдат тримесечните извештаи за работата на ЈП „ Билјанини извори“ и „ Нискоградба“, надоместокот за лиценци за угостителска дејност, утврдувањето на висината на месечниот надоместок на членовите на советот, одлуката за збратимување со полскиот град Краков како и неколку одлуки од урбанистичката сфера.

OhridNews