Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување до возачите кои се „црните точки“ (места) каде најчесто се случуваат сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија и каде најмногу треба да се внимава.

Во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат: патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата  Охрид-Струга.

На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани. На регионалниот пат Дебар-Струга, најкритично е кај село Велешта и кај село Враништа.

РСБСП апелира на внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите патни правци со посебен акцент на наведените „опасни места“.

Во Република Македонија во фаза на изградба или на реконструкција се голем број локаклни, регионални и магистрални патиштата. Во фаза на реконструкција се и постојаните автопати, а во тек е изградба и на нови автопати. Целиот овој процес придонесува бројот и локациите на црните точки динамично да се менува и токму затоа РСБСП ги повикува возачите да бидат посебно  внимателни на сите делници од патната мрежа каде се изведуваат градежни работи, да ја намалат брзината и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација, која дава дополнителни насоки и упатства за безбедно одвивање на сообраќајот на тие делови од патната мрежа.

OhridNews