Како што најавуваат од ЕВН Македонија, денеска, 21-ви јануари, ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе охридски населби.

Во периодот од 9 од 14 часот, без струја ќе останат дел од улиците „Билјанини Извори“, „АСНОМ“, „Ванчо Питошески“,  детската градинка „Лихнида“, како и улиците „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“.

Исто така, во периодот од 10 до 11 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Питу Гули“.

OhridNews