Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 16-ти мај, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од булеварот „Туристичка“, односно кула 6 и 8 и кула „Трудебник ТР2“.

Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

OhridNews