Неколкучасовен прекин утре во водоснабдувањето во централното градско подрачје поради изведување на градежни активности кои се дел од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во централното градско подрачје утре од 07:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Македонски Просветители“ , „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“ , делови од „Бул.Туристичка“ ( на потегот од гимназијата до бензиската пумпа „Макпетрол“),„Гоце Делчев“ , дел од „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот, велат од претпријатието.

OhridNews