Прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот во населбата „Црногорци“.
Поради настанат дефект – пукната цевка со профил ф300, денес од 09:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Додаваат дека екипи се на терен до завршување на санацијата.
OhridNews












