Екипата на Нексе од Хрватска, попладнево го совлада Вардар со 28:26 и го освои третото место на Меѓународниот меморијален турнир во ракомет “Крсте Андоновски” што се игра во салата “Билјанини извори” во Охрид.
Завесата на IV издание на турнирот се спушта вечерва со натпреварот за трофејот во кој се среќаваат домаќинот Охрид и Еурофарм Пелистер. Финалето почнува во 20 часот.
Претходно во борбата за 5 место Партизан го совлада Тримо Требње 33:31, а во натпреварот за 7 место Динамо Панчево славеше над Киндил од Фарските Острови со 28:24.