Поради нелегален транспорт на огнено дрво во селото Лескоец, на 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица на возраст од 44 години од охридското село Велгошти и на 35 години од селото Долно Лакочереј.
Двајцата, околу 21.00 часот во атарот на селото Лескоец, биле затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј“, со бугарски национални ознаки. Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews












