Од СВР Охрид информираат за неколку настани од денешниот билтен.

Денес, околу 6  часот во СВР Охрид, 59-годишно лице од струшкото село Велешта пријавило дека настанал пожар во неговот возило „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки додека го управувало по магистралниот пат Охрид-Кичево. Пожарот бл изгаснат од сопственикот и екипа на Територијалната противпожарна единица од Кичево.

Вчера, околу 11 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Црн Дрим“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на стружанец кон негов сограѓанин. Напаѓачот е приведен  и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Вевчани.  Тој, на 19.07.2019 година, во својство на референт во шумското стопанство ,,Јабланица“,  извршил жигирање на 19 просторни метри букови дрва иако знаел дека потекнуваат од нелегална сеча.  Со таквото незаконско дејствие овозможил стекнување на противправна имотна корист од 28.652 денари.