Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење на шуми“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од струшкото село Ново село, 31 годишно лице од Струга, 32 годишно лице од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село, како и против четворица албански државјани.

При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи го транспортирале до товарно возило, сопственост на првопријавениот и неговото правно лице, велат од СВР Охрид.

Со претставници од шумското стопанство „Јабланица“ од Струга, утврдено е дека извршена била бесправна сеча на 10.2.19 м3 букови дрва.

OhridNews